Најсигурното име за ДНК тестирање

Mobile    Location:

  1. ДНК тест за утв рдување на татковство за сопствени потреби
  2. ДНК тест за утврдување на татковство за потреби на судот





Најчесто поставувани прашања 

  Q: Kолку е ДНК тестирањето точно?
  • ДНК тестирањето направено од страна на DNA Diagnostics Centre e 100% точно.
  • Од научна перспектива ДНК тестирањето дава точност на резултатите повеќе од 99%, со што се потврдува дека постои биолошка врска.
  • Од научна перспектива ДНК тестирањето дава точност од резултатите од 100%, со што се потврдува дека не постои биолошка врска
  Q: Кој треба да даде согласност за тестот за татковство?
  • За ДНК тестирањето потребна е согласност од поединец.
  • Ако доединецот е дете (помладо од 18 години), лицето/родителот одговорен за детето, мора да даде согласност
  Q: Колку долго се чекаат резултатите од тестирањето?

Резултатите од тестирањето се готови за околу една недела, од денот на пристигнувањето на примероците во лабораторијата. Резултатите се добиваат во облик на известување, од кое јасно се гледа дали постои биолошка поврзаност или не.

  Q: Дали за ДНК тестирањето треба да се даде примерок на крв?

Не. ДНК може да се најде и во лигавицата од внатрешната страна на образот, којашто се зема со ватирано стапче.

  Q: Како ќе знам дали добро сум зел примерок?

Нема дилеми околу тоа дали сте згрешиле. Нам ни е битно да се собрани доволен број станици за тестирање. Доколку се земени примерови од вистинска личност и ако се точно означени, не постојат никакви можности коишто можат да влијаат на ДНК тестирањето.

  Q: Дали мора да се тестира и мајката на детето, за да се добијат точни резултати?

Ние го поддржуваме ДНК тестирањето кое вклучува и учество на мајката, со цел добивање битни генетички информации, кои во голема мера овозможуваат брзо и едноставно анализирање. Доколку мајката не може да присуствува, се уште може да се направи тестирањето за утврдување на татковството

  Q: Каде и како се плаќа?

Се плаќа при  доаѓањето во установата и тоа во готово, со картиќка или со вирман, доколку сетот за земање примероци Ви е пратен по пошта.

  Q: Дали постои можност примероците да се земат во Македонија и во некоја друга земја и потоа да ги пратам на тестирање?

Да, постои и таа можност. Секако во тој случај Ве молиме примероците со ист сериски број да ни ги пратите од двете локации.

  Q: Дали земањето ДНК е безбелно?

Да. Сетот за земање примероци содржи памучни стапчиња, со кои триете по внатрешниот дел на образот Внатрешниот дел на образот содржи ДНК. Никакви игли не се вклучени: процедурата е безболна и не-инвазивна.

  Q: Дали постои разлика во точноста, доколку не се користи крв?

Апсолутно не ДНК во вашиот образ или во коренот на косата е идентичен како и оној во вашата крв. Нема никаква разлика во точноста на ДНК тестирањето, без оглед од каде е земен примерото кој се тестира.

  Q: Колку долго, по земањето, е валиден ДНК примерокот?

Ако стапчето со ДНК примерокот се исуши, нема никакви проблеми. Иако нема гаранција дека примерокот ќе е валиден, не постои рок на траење на примерокот. Ако на примерокот не му се дозволи да се исуши, мемлата што ќе се фати на стапчињата ќе ги уништи примероците.

  Q: Какви се можностите за тестирање доколку лицето е починато, исчезнато или недостапно?

Можни се неколку опции. Кај починато лице, патологот при обдукцијата можеби сочувал одржлив ДНК. Исто така, можно е одговорни лица од болница или лабораторија непосредно пред смртта на лицето да зеле примерок за анализа. Доколку нема примероци, членовите на фамилијата (родители, близнаци или деца на починатиот) може а дадат свој ДНК примерок за неколку типови на ДНК тестирање.

  Q: Како ДНК тестирањето може да користи кај тестамент или наследство?

Доколку се доведува во прашање наследство или тестамент, а треба да се утврди биолошката поврзаност на членовите на семејството, тоа исто така може да се направи со ДНК тестирање. Во овие случаи, со цел да се утврди биолошкото сродство, воглавно се прави ДНК тестирање за генетска реконструкција, дедо/баба-внук/внука, близнаци.



 

Останати ДНК тестови   |    За нас    |    Контакт    |    Насловна