Најсигурното име за ДНК тестирање

Mobile    Location:
utvrđivanje očinstva

  1. ДНК тест за утв рдување на татковство за сопствени потреби
  2. ДНК тест за утврдување на татковство за потреби на судот





ДНК тест за утврдување на татковството за потребите на судска постапка (утврдување на татковство Скопје)

Ако тестот за утврдување на татковството Ви е потребен за која било правна цел, DNA Diagnostics Centre ќе Ви го овозможи тоа.

Голем број на наши клиенти ги употребуваат резултатите од ДНК тестот за утврдување на татковство во рамките на судска постапка, при решавање на семејно-правните проблеми (издршка на детето, старателство над детето и расправиите околу посетите на детето), како и за решавање на судските спорови околу наследството.

При изработка на ДНК тестот за потребите на судот (Граѓански суд), лабараторијата DNA Diagnostic Centre, ги следи строгите правила при изработката на тестот; па поради тоа добиените резултати се правно валидни во судската постапка. Постапката за спроведување на тестот подразбира дека.

  • Примероците се земаат од страна на неутрално лице; доктор, медицинска сестра или претставник на DNA Diagnostics Centre.
  • Сите лица кои учествуваат во постапката за утврдување на татковството се соодветно идентификувани
  • Примероците внимателно се чуваат, заштитени и означени за транспорт до лабараторијата и се надгледувани како би се спречила можна злоупотреба.

Како функционира тестот за утврдување на татковство

Тестот се спроведува така што ДНК профилот на детето се споредува со ДНК профилот на можниот татко (честопати и со профилот на мајката). Имајќи во предвид дека детето половина од својата ДНК го наследува од секој од родителите, споредбата открива дали детето можело да наследи ДНК од можниот татко. Кога се работи за биолошки сродни единки, како родител и дете, тогаш нивните ДНК профили ќе покажат предвидливи траги на генетско наследство.

Кликнувајќи на некој од долу наведените линкови, дознајте повеќе за ДНК тестот за утврдување на татковство за сопствени потреби.

Кој е тестиран?

Како се земаат ДНК примероците ?

Што ќе покажат резултатите од тестот?


Можности за утврдување на татковство

DNA Diagnostics Centre Ви нуди поголем број можности кои би Ви одговарале. Повеќе информации за нашите тестови дознајте на линковите кои следат.

  • ДНК тест за утврдување на татковство за сопствени потреби. Овој тест се употребува во случај кога добиените резултати ќе ја задоволат Вашата љубопитност во врска со тоа кој е татко на Вашето дете. Запомнете: Резултатите добиени со овој тест не се правно одбранливи, па затоа не можат да се употребуваат во судска постапка.
  • ДНК тест за утврдување на татковство за потребите на судска постапка. Користете ја оваа опција кога резултатите од тестот Ви се потребни за правни цели. При изработката на ДНК тестот за утврдување на татковство во судска постапка, лабараторијата DNA Diagnostic Centre, ги следи строгите правила кои се однесуваат на текот на самата постапка, се со цел резултатите од тестот да бидат правно валидни на суд. Овој вид на тест се прави кога се работи за семејно-правни работи, на пример ,заштита на детето, доделување на детето при развод, како и при плаќањето на алиментација.

Ако имате двојба кој тест да го направите слободно контактирајте не, а за повеќе информации:Нашите вработени ќе ја проценат Вашата состојба и ќе Ви помогнат во одлуката.

 

Останати ДНК тестови   |    За нас    |    Контакт    |    Насловна